Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси денес ќе го посети Тајван. Кина соопшти дека „нема да седи со скрстени раце“ ако таа дојде на одметнатиот остров кој Кина го смета за свој.
Во услови на зголемени кинески предупредувања за посетата на Пелоси, четири американски воени бродови, вклучувајќи го и носачот на авиони УСС Роналд Реган, беа позиционирани во водите источно од Тајван за „рутинско“ распоредување.