Карта на најважните луѓе во светот: Од Македонија се Мајка Тереза, Тоше, Глигоров, Калиопи, Рацин

Од:

Истражувачот и географ на Mapbox Топи Тјуканов направи мапа во која се вклучени сите најважни личности и местата каде што е родени. Така најпознато име во Србија е Новак Ѓоковиќ, а во Хрватска со оглед дека е роден во Лика, Никола Тесла.

Во Македонија во првите најпознати личности се набројани Мајка Тереза, Тоше Проевски, Калиопи, Киро Глигоров, Горан Пандев. Потоа следуваат Али Ахмети, Љубе Бошкоски, Агим Нухиу, Благица Павловска, Даме Груев и уште многу други.

Во Србија се појавуваат Слободан Милошевиќ, Константин Велики, Моника Селеш, Милева Мариќ и многу други.

Црна Гора, пак, ги има Радован Караџиќ, Петар II Петровиќ Његош, Веселин Шљиванчанин и Вељко Ражнатовиќ.

Босна и Херцеговина, сепак, е со најпознатите Гаврило Принцип, Иво Андриќ, Емир Кустурица, Бранко Ќопиќ и Милорад Додик. Додека Хрватска е со Никола Тесла, Тито, Марио Манџукиќ, Раде Шербеџија, Лука Модриќ и Горан Вишњиќ.

Кога станува збор за Лондон, излегува дека Чарли Чаплин е најважната личност во британската престолнина, иако се очекуваше тоа да биде некој од кралското семејство.

Што се однесува до САД, на топ-листата во Тексас се Селена Гомез, Томи Ли Џонс и Бијонсе, на Флорида водат Ариана Гранде, Џим Морисон и Томас Пети, а во Калифорнија Мерилин Монро, Камерон Дијаз и Шер.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Партиите продолжуваат со кампањата, уште една недела до изборите

А1он

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција