Радев ги закажа парламентарните избори за 2 октомври, привремен премиер е Галаб Донев

Од:

Претседателот на Бугарија Румен Радев потпиша укази за распуштање на 47-то Народно собрание и за одржување предвремени парламентарни избори на 2 октомври, како и за назначување службена влада. За привремен премиер, како што јави дописникот на МИА од Софија, е назначен Галаб Донев, досегашен советник на Радев.

Кабинетот на бугарскиот претседател соопшти дека за министер за надворешни работи е именуван Николај Милков, амбасадор на Бугарија во Франција, а за министер за одбрана Димитар Стојанов, кој е шеф на претседателската администрација. Во владата се враќа Атанас Пеканов, кој ќе биде вицепремиер и одговорен за управување со европските фондови. Заедно со него во преодната влада се враќа и Велислав Минеков, кој повторно ќе раководи со Министерството за култура, како и во претходните две преодни влади. За вицепремиер и министер за внатрешни работи е именуван Иван Дерменџиев, кој во втората службена влада минатата година беше министер за правда и се залагаше за смена на главниот обвинител Иван Гешев, што е клучна точка за реформите во правосудството во Бугарија, потсетува дописникот на МИА од Софија.

Претседателот Радев ќе ги претстави задачите и приоритетите на преодната влада утре напладне на церемонија во претседателската палата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Радев и честиташе на Шекеринска: Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана

А1он

Радев ја демантира Сиљановска-Давкова, тврди дека го коментирал предлогот за уставни измени со одложено дејство

А1он

Мицкоски се надева дека Македонија до крајот на годинава ќе продолжи достоинствено кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Сиљановска се сретна со Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

(ВИДЕО) Радев: Нема потреба од посредништво меѓу Скопје и Софија

(ВИДЕО) Бојко Борисов бара оставка од вицепремиерот Николоски: Не треба да има средби со овие луѓе

Катерина Ѓуровски