Даниел Крег снима реклама во Париз

Од:

Исклесано торзо, мажественост и силата на карактерот се негов заштитен знак од деновите кога беше 007, но најновиот изглед на Даниел Крег сугерира дека „добил дозвола“ да воодушеви сосема нова публика.

Изминатиов викенд Крег беше забележан во Париз како снима реклама за вотката „Белведере“, брендот за пијалоци кој претходно потпиша договор вреден повеќе милиони фунти со продуцентите на „Бонд“ за да го врати мартинито – протресено, не мешано – на менито на 007.

Крег е далеку од неговото алтер-его таен агент на рекламата за омилениот пијалок на Џејмс Бонд.
Нашминкан и облечен во црна кожна Брандо моторџиска јакна, маица со длабок заоблен врат и сребрен синџир – камперска облека на која Џемс Бонд сигурно ќе ја кренеше веѓата, коментираат британски таблоиди.

Тој потоа ја смени гардеробата за нови сцени и се појави во елегантен бел костум и бледо розова кошула – уште едно модно ‘не’ за познатиот агент на Јан Флеминг. Авторот на 007 имал тетратка во која имало голем број правила „како да се живее“, во кои е вклучено и предупредувањето: „Не трошете го вашето време на жени кои носат нараквица на левиот зглоб.“

Крег не беше единствениот славен на сетот во Париз. Поп-ѕвездата Рита Ора се појави за да го поддржи свршеникот Таика Ваитити, кој ја режира рекламата за луксузниот полски бренд на вотка.

Ова е првпат Даниел Крег да биде забележан на сет откако минатата година заврши со Џејмс Бонд.

Би можело да ве интересира

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Даниел Крег сè уште на врвот на листата најплатени актери

Горан Наумовски