Груевски: Околу 400 неискористени хали на располагање за потенцијалните инвеститори

Од:

Од средината на идниот месец ќе биде отворена веб-страница со детални информации за најмалку 400 моментно неискористени хали и објекти во Македонија кои наскоро ќе бидат ставени во функција и ќе им бидат на располагање на потенцијалните инвеститори.

Како што соопшти денеска премиерот Никола Груевски, станува збор за проект што Владата го подготвува неколку месеци, а целта е да им овозможи на вложувачите комплетни податоци за расположливите капацитети веднаш, на едно место, без да талкаат по шалтери и најразлични служби.

– Најголем број од инвеститорите градат нови капацитети зашто не знаат дека располагаме со објекти кои во моментов од различни причини не се во функција, а може да се искористат со мали интервенции, особено во однос на правната состојба која кај дел од нив е сложена, рече Груевски.

Интернет-страницата ќе биде во рамки на Агенцијата за привлекување инвестиции.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката