Дел од кинеска ракета падна на Земјата над Индискиот и Тихиот океан, соопштија американски и кинески официјални лица.
Кинеската Национална вселенска агенција (CNSA) соопшти дека поголемиот дел од остатоците од погонот Long March 5 изгореле во атмосферата. Се додава дека местото на влегување во атмосферата е над Сулското море во Тихиот Океан.
НАСА наведе дека Пекинг не ги споделил „конкретните информации за траекторијата“ потребни за да се утврди каде може да паднат остатоците.
Кинеската амбасада во Вашингтон веднаш не го коментираше случајот. Кина претходно оваа недела рече дека внимателно ќе ги следи остатоците, но рече дека тие претставуваат мал ризик за било кого на Земјата.
Chinese rocket debris re-entry.
Nice grab! You were in the right place at the right time! #CZ5B #LongMarch5BRocketBooster https://t.co/8cKsrwYwaa— ??♀️ (@DayangLeen) July 30, 2022
Американската вселенска команда соопшти дека ракетата Long March 5B влегла во атмосферата на Земјата над Индискиот Океан околу 12:45 часот по локално време, но ги доведе во прашање „техничките аспекти на повторното влегување, како што е потенцијалната локација на дисперзија на отпадот“.
„Сите вселенски нации треба да ги следат утврдените најдобри практики и да го дадат својот дел за да го споделат овој тип на информации однапред за да овозможат веродостојни предвидувања за потенцијалниот ризик од удар на отпадот“, рече администраторот на НАСА, Бил Нелсон.
„Тоа е од суштинско значење за одговорно користење на вселената и осигурување на безбедноста на луѓето овде на Земјата“, додаде тој.
Корисниците на социјалните мрежи во Малезија објавија видео од објект кој личи на ракетни остатоци.