Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски со своите соработници денеска изврши увид во работите на повеќенаменската спортска сала во основното училиште „Гоце Делчев“.
Се работи на довршување на градежните работи. Поставен е подот на теренот. Набавени се спортските реквизити, и тоа 4 кошеви, 2 гола за ракомет, рипстоли за гимнастика и друга спортска опрема и реквизити.
Останува да се доврши партерот со монтирање на урбана опрема. Во училишниот двор планирани се два спортски терени: за кошарка и за фудбал.
Работите се при крај и на инситирање на градоначалникот Жерновски спортската сала треба да биде ставен во функција со почетокот на учебната година.
Спортската сала „Гоце Делчев“ во функција од септември.