Шестмина повредени во сообраќајка во близина на село Гиновце

Од:

На 30.7.2022 околу 1 часот на магистрален пат А2, на место викано „Бентомачки пут“ во атар на с.Гиновце, кривопаланечко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од А.С.(22) од с.Баратлија, Општина Ранковце и патничко возило „опел“, управувано од Т.С.(54) од Крива Паланка, двете со кривопаланечки регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „опел“, С.Т.(45), Ј.Р.(50), И.В.(44) и С.В.(51), сите од Крива Паланка, додека возачите А.С. и Т.С. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.

Известен е Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски