Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски денеска соопшти за колку проценти поскапува цената на топлинската енергија.
За најголем дел од корисниците (над 90 проценти) на топлинска енергија, кои снабдување добиваат преку БЕГ, цената ќе се зголеми за 14,18 проценти.
За корисниците на железарско греење цената ќе биде повисока за 15,58 проценти. Корисниците на мрежата Скопје-Север ќе плаќаат повисоки сметки за 16,31 процент.
Единствена причина за зголемување на цените е драстичното зголемување на цената на природниот гас која е за 10 пати повисока во однос на цената минатиот период, истакна Бислимовски.
Нагласи дека предвидуваат ТЕ-ТО да работи со 70 проценти од потребите на потрошувачите, а останатите потреби да ги обезбедат топланите во Скопје.
Новата цена на топлинската енергија ќе важи од август.