Марија Шарапова, побарала од Врховниот суд на Флорида да и дозволи да го смени своето презиме. Како што пренесуваат руските медиуми, таа сака на последниот Грен слем турнир во сезоната – УС Опен, да настапи со презимето Шугарпова.
Имено, Шарапова минатата година ја претстави својата линија на слатки која го носи името Шугарпова, по што сега дошла на идеа со промена на презимето да ги изрекламира своите слатки производи.
Доколку сојузната американска држава Флорида и дозволи да го смени презимето, таа најверојатно ќе мора да добие одобрение и од организаторите на грен слемот во Њујорк за да може да настапи со новото презиме.