Нема конкретни терористички закани за Франција

Од:

Во Франција нема конкретни закани за терористички напади, изјави францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс.

Тој реагираше на информациите објавени во германскиот весник „Билд“, според кои Ал Каида подоготвувала напади врз брзите возови во Европа.

– Ние немаме никаков елемент кој ја потврдуваа таа закана. Иако имаше гласини уште пред неколку недели и ние презедовме некои мерки, тие не се однесуваа директно на Франција, изјави изутрината францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс во интервјуто за радиото РМЦ и телевизијата БФМТВ.

– Немаме никаков убедлив елемент кој може да не доведе да веруваме дека има конкретни закани кои се однесуваат на нашата земја. Постојат терористички закани кои се однесуваат на Франција од пред неколку месеци, додаде Мануел Валс.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток