По два негативни теста заврши изолацијата на Бајден за Ковид-19

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска заврши со изолацијата на Ковид-19, откако двапати беше негативен, соопшти Белата куќа.

Бајден, пренесе ДПА, минатиот четврток излезе позитивен на тестот за Ковид-19 и тогаш неговиот доктор соопшти дека имал „многу благи симптоми“. Тој отиде во изолација и му беше даден петдневна терапија со Паксловид, лек за третман на коронавирус.

Лекарот од Белата куќа, Кевин О’Конор, во писмо до јавноста соопшти дека 79-годишниот претседател синоќа бил негативен на тестот и уште еднаш утринава.

„Неговите симптоми постојано се подобруваат и речиси целосно надминати“, напиша О’Конор во писмото.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски