Познатиот писател Мирко Ковач почина денеска во Ровињ на 75 години, јавуваат хрватските медиуми.
Ковач беше еден од најплодните писатели на југословенската книжевноста во втората половина на 20-от век. Црногорец по раѓање, Ковач живеел во Белград, а од почетокот на 90-тите години продолжил во Ровињ, каде ќе биде и погребан.
Тој бил драматург по вокација, автор на многубројни романи, новели, збирки песни, есеи, телевизиски драми. Ги напишал и сценаријата за некои од најуспешните филмови на југословенската кинематографија, како што се „Лисици“, „Окупација во 26 слики“, „Падот на Италија“.
Неговите книги се преведени на многу светски јазици, а добитник е на мошне значајни награди.