Три активни пожари, најголем кај Криволак

Од:

Три пожари се активни утрово, најголемиот е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде дејствуваат еден армиски и еден полициски хеликоптер информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Воените магацини се дополнително осигурани и се целосно безбедни.

Вториот пожар е во атарот на с. Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш – Струмица. Пожарот во кој била зафатена дабова шума е ставен под контрола. Интервенирале ТППЕ Радовиш.

Третиот пожар е пожарот кој во текот на вчерашниот ден гореше во атарот на с. Требичино, во општина Василево, струмичко. Пожарот во текот на ноќта го намали својот интезитет, чади на некои места но нема видлив активен оган. Во овој момент на лице место се екипи на ТППЕ Струмица. Доколку се разгори дополнително ќе се донесе одлука за евентуално гаснење од воздух поради непристапноста на теренот.

Во состојба на подготвеност за дејство е и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Би можело да ве интересира

До утринава вкупно 31 пожар на отворено во Македонија

А1он

Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

А1он

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати