ВИДЕО: Водителката се онесвести, прекината дебатата на кандидатите за британски премиер

Од:

Втората телевизиската дебата меѓу двајцата кандидати за наследник на Борис Џонсон на функцијата британски премиер беше ненадејно прекината синоќа, откако водителката се онесвести.

Министрката за надворешни работи Лиз Трас, фаворит да стане нов лидер на Конзервативната партија, и поранешниот министер за финансии Риши Сунак ги претставуваа своите програми кога се слушна силен тресок во студиото.

Дебатата, која во живо ја пренесуваа и весникот „Сан“, нагло беше прекината.

Телевизијата објави дека водителката Кејт Мекен се онесвестила.

„Иако се е во ред со неа, докторот не советуваше да не продолжиме со дебатата. Им се извинуваме на гледачите и слушателите“, објави на Твитер телевизијата.

Победникот на изборите, на кои ќе учествуваат нешто помалку од 200.000 членови на Конзервативната партија, ќе биде познат на 5 октомври.

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски