Египетските сили за безбедност го уапсија синоќа врховниот лидер на „Муслиманско братство“, Мохамед Бадија.
Седумдесетгодишниот Бадија бил уапсен во стан во квартот Наср Сити во Каиро, каде се криел, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Бадија во јуни беше обвинет за поттикнување насилство, заедно со другите лидери на „Муслиманско братство“.
Тој, заедно со неговите двајца заменици Хајрат ел Шатер и Рашад ал Бајоми, кои се веќе уапсени на 25 август ќе бидат изведени пред суд.