Во Албанија приведени 55 илегални имигранти

Од:

Албанската полиција, во близина на граничниот премин Какавија, на албанско-грчката граница, на три одделни места открила и привела 55 нелегални емигранти.

– Во полициската акција приведени се 55 нелегални емигранти, главно од Пакистан и Авганистан. Овие лица, кои на албанска територија влегле илегално од Грција откриени се во близина на селото Пешкепи и тоа 16, во Врисера 21 и 18 емигранти кај Какавија, соопшти полицијата од Ѓирокастро.

Пред два дена, албанската полиција во реонот на Ѓирокастро, приведе најмалку 20 илегални имигранти од Мароко кои исто така нелегално влегле од грчка територија.

Тие требало да стигнат до Драч а потоа патот да го продолжат за некоја од западно европските земји.

За еден месец албанската полиција има приведено над 150 нелегални емигранти, државјани на Пакистан, Авганистан, Сомалија, Мароко и Еритреја.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски