Повеќе од 200 парчиња оружје од малокалибарски пиштоли до автоматски пушки беа запленети синоќа во Њујорк, а властите наведуваат дека тоа е најголемо запленување илегално оружје во еден ден во историјата на тој град.
Кабинетот на градоначалникот Мајкл Блумберг ја поздрави тајната операција на полицијата.
– Њујорк е најбезбеден град во државата, изјави Блумберг.
– Нема сомнение дека дека запленувањето на оружјето е најголемо во историјата на градот и со тоа се спасени животи, додаде тој.
Запленетото оружје потекнува од Северна и Јужна Каролина каде не е потребна дозвола за да се купи пушка, додека во Јужна Каролина дозвола не е потребна ниту за купување пиштол. Во изминатите 10 години полицијата во Њујорк заплени околу 8.000 парчиња оружје.