(ВИДЕО) Пожарот кај Ѓавото е ставен под контрола, нема нови жаришта

Од:

Пожарот што избувна вчера околу 13.30 часот во атарот на село Ѓавато е успешно изгаснат, односно под контрола и нема нови жаришта. Екипите се сеуште на терен и будно ја пратат состојбата информира градоначалникот на Богданци Блаже Шапов.

– Пожарот беше со висок ризик и со големи размери, но со залагање на сите присутни, со брза реакција и повеќе часовна борба со огнената стихија се успеа да се локализира и да се заштитат имотите на жителите на село Ѓавато напиша Шапов.

Тој им се заблагодари на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, ШС „Кожув“, Градоначалниците и Против пожарните единици на општините: Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Дојран, Валандово и Неготино, за нивното залагање, голема поддршка и несебична помош при гаснењето на пожарот.

– Исто така голема благодарност и до жителите на село Ѓавото, вработените во ЈП „Комунална чистота“ Богданци и вработените во општина Богданци. Општина Богданци и граѓаните на општината Ви се благодарни за стореното. Ја користам приликата да упатам апел сите ние да внимаваме, да се однесуваме одговорно и да направиме се што е во наша можност за да се заштитиме од појава на пожари порача градоначалникот на Богданци.

Би можело да ве интересира

До утринава вкупно 31 пожар на отворено во Македонија

А1он

Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

А1он

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати