Во Русија блокиран новиот проект на весникот „Новаја газета”

Од:

Руските власти денеска ја блокираа интернет страницата на новиот проект на независниот весник „Новаја газета”, кој прекина со работа во март, во време на задушување на критичарите на офанзивата врз Украина.

Редакцијата на „Новаја газета” на 15 јули почна да објавува и во печатена форма и онлајн преку новиот сајт „Новаја Расказ-Газета”. Во првиот број беа објавени анализи за тоталитаризмот и идеологијата на Владимир Путин.

Но, една недела подоцна рускиот медиумски регулатор го блокира новиот сајт на барање на Обвинителството. Порталот денеска не беше достапен во Русија.

Весникот „Новаја газета” е познат по своите истраги за корупција на руските елити и за сериозни прекршувања на човековите права, беше принуден на крајот на март да го прекине објавувањето на интернет и во печатена форма.

Руските власти му се заканија дека ќе го забранат поради непочитување на контроверзниот закон за странски агенти. По суспензијата, дел од редакцијата емигрира и почна ново издание од Западна Европа. Главниот уредник на „Новаја газета, Дмитриј Муратов, ја доби Нобеловата награда за мир во 2021 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лавров: Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Песков: Изјавите на Столтенберг за реакцијата на Русија се кратковидни и наметливи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Закани од Кремљ: Нашето моќно оружје е подготвено

Горан Наумовски

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“