Македонската машка кошаркарска репрезентација, вечерва ќе го одигра првиот од двата натпревари против актуелниот европски шампион Шпанија.
Двата натпревари се дел од подготовките на двете селекции за престојното Европско првенство кое ќе се одржи од 4 до 22 септември во Словенија.
Иако во составот на „црвената фурија„ ќе недостасуваат Пау Гасол, Серж Ибака и Хуан Карлос Наваро, сепак Шпанија не само во дуелите со Македонија, туку и на престојниот Евробаскет важи за главен фаворит за шампионскиот трофеј.
Вечерашниот дуел кој ќе се игра во Сантиаго де Компостела од 21 часот, ќе биде втор меѓусебен на Шпанија и Македонија, кои првиот го одиграа во полуфиналето на Европското првенство во Литванија пред две години.
Во истиот термин (21 часот) в среда во Лион, ќе се одигра и вториот натпревар, по кој репрезентацијата на Македонија ќе отпатува за Улм, Германија.
Таму македонската репрезентација ќе одигра три напревари, редоследно со, Грција, Германија и Босна и Херцеговина, селекција против која ќе игра и на европскиот шампионат во Словенија.