Изречени 333 санкции за брзо возење

Од:

При засилена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, спроведена во текот на вчерашниот ден, санкционирани се 333 возачи.

Како што соопшти денеска МВР, од вкупниот број на изречени санкции, од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 219 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Полицијата вчера казни 535 возачи за брзо возење

„Возел“ 696 километри на час: Доби казна од 6.597 евра

МВР вчера казни 246 возачи во Скопје, 42 за брзо возење

186 казнети возачи во Скопје, 21 без возачка

275 санкционирани возачи во Скопје, 67 за брзо возење

87 санкции за брзо возење