Топло време и во следните денови, пороен дожд и грмежи утревечер долж Повардарието

Од:

Топол бран со високи утрински и дневни температури ќе се задржи и во следните денови на подрачјето на државава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните температури утре ќе се движат од 13 до 22 степени, а максималните од 32 до 42 степени. Во Скопје утре минималната температура ќе достигне до 19 степени, а максималната до 39 степени.

Долж Повардарието утре кон крајот на денот ќе дува засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Нестабилност на повеќе места се очекува во среда и во четврток во попладневните часови, информираат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Денеска над 40 степени, Владата објави препораки за топлото време

Владата со препораки за работодавачите за топлотниот бран

Горан Наумовски

УХМР: До сабота времето ќе биде сончево и многу топло

Денеска сончево и многу топло со температури до 40 степени

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

До пладне топло, попладне ветер и дожд