Младата машка ракометна репрезентација на Македонија до 20 години ќе разигрува за петтото место на ЕХФ шампионатот откако денеска славеше против Луксембург со 27:23. Момците на селекторот Бранко Ангеловски покажаа дека се подобар тим, а на полувреме имаа предност од 15:9.
Ривалот се држеше до резултат 8:8, а потоа Македонија направи серија од 7:1 за убедлива предност на полувремето.
Лука Кремер од Луксембург со осум погодоци беше најефикасен на мечот, додека кај Македонија најдобар беше Михаел Тотиќ со пет гола. По четири постигнаа Тодески и Шулески.
Извор: Топспорт