Двајца Американци се убиени во Донбас во источна Украина, потврди Стејт департментот за ABC News. Се верува дека загинатите американски државјани се бореле на страната на украинските сили.
„Ние сме во контакт со семејствата и ја обезбедуваме сета можна конзуларна помош“, соопшти Стејт департментот.
Дополнителни детали за смртта на двајцата Американци и нивниот идентитет не се објавени.
Претходно беше потврдена смртта на најмалку двајца Американци кои беа убиени во борбите во Украина. Стивен Забјелски (52) бил деминер и загинал кога во мај нагазил на мина во областа Запорожје.
Поранешниот маринец Вили Џозеф Кенсле (22) почина во април, а деталите за неговата смрт се непознати за јавноста. Медиумите објавија дека тој бил ангажиран од приватна воена компанија за војната во Украина.
Си-Ен-Ен во јуни објави дека семејствата веруваат дека двајца Американци од Алабама, Александар Друек (39) и Енди Хујн (27) биле заробени од проруски борци за време на борбите во близина на Харков.
Портпаролот на Стејт департментот тогаш изјави дека се запознаени со непотврдени информации, дека ја следат ситуацијата и дека се во контакт со украинските власти.