Времената египетска Влада треба да вложи поголеми напори за помирување, земајќи ги предвид интересите на различните страни во кризата, изјави министерот за одбрана на САД, Чак Хејгл.
Тој истовремено истакна дека способноста на САД да влијаат врз случувањата во Египет е ограничена.
– Египетскиот народ има одговорност да ја реши таа ситуација, нагласи тој.
Хејгл повика за прекин на насилството во Египет и за укинување на вонредната состојба.
Откако САД го одложија испраќањето на четири авиони ловци Ф-16 во Египет, шефот на Пентагон нагласи дека Вашингтон проценува дали можеби ќе биде откажана и доставката на хеликоптери за земјата.