Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу пристигна во Истанбул, каде заедно со неговиот турски колега Хулуси Акар и украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков ќе потпишат договор за формирање коридор за извоз на земјоделски производи од Украина преку Црното Море.
Церемонијата на потпишување ќе се одржи во 16:30 часот по локално време во канцеларијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во палатата Долмабахче во Истанбул .
На потпишувањето ќе присуствува и турскиот претседател и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Шојгу планира и билатерална средба со турскиот колега, јавија руските медиуми.
Извор: МИА