(ВИДЕО) Талески: Законот за служба во Армијата обезбедува подобро услови за работа и пензионирање

Од:

„Денеска пред пратениците на пленарна седница е Законот за служба во Армијата, закон кој е важен за вработените во Армијата и одбраната а кој една година свесно и намерно беше блокиран од опозицијата. Со овој Закон се сериозно се подобруваат условите за работа, но и за пензионирање на припадниците на Армијата“, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ.

„За професионалните војници на кои им престанува работниот однос со навршување на 45 години возраст, овој Закон пропишува обезбедување на испратнина односно еднократен надоместок во висина на две просечни плати. но не помалку од 1000 евра во денарска противвредност, за секоја година помината на служба во Армијата.

Ова значи дека дел од војниците имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина при пензионирање.

Во делот на пензиите, се утврдува нова пресметка на износот на пензија на воениот и цивилниот персонал кој правото на пензија го стекнал од моментот на формирање на Армијата, да изнесува 80% од просечната нето-плата што ја остварил во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж.

Преку измените на Законот се воведува нова методологија за пресметка на платите во која влегуваат минималната плата бодовите според чинот, должноста, работното искуство и армискиот додаток.

Истовремено се прави исчекор и во делот на исплата на трошоци за станбено обезбедување за целокупниот активен воен и цивилен персонал кој има засновано работен однос во Армијата, без разлика дали е тоа на определено или на неопределено време.

Ова се само дел од придобивките за вработените во Армијата и одбраната што ги обезбедуваме со ова законско решение.

Аплирам до сите пратеници без разлика на нивната партиска припадност да го поддржат Законот за служба во Армијата, со кој обезбедуваме подобри услови за работа и пензионирање на војниците.

Ние како парламентарно мнозинство ќе продолжиме со реализација на законски решенија кои овозможуваат припадниците на Армијата да имаат слични или исти услови за работа како и нивните колеги од армиите кои се дел од НАТО Алијансата“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните