СДСМ: Очигледно само Мицкоски е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Според официјалните податоци само Христијан Мицкоски е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно проф.др. Христијан Мицкоски е толку сестрана и комплексна личност што може самиот тој да биде единствен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а воедно и негов претседател“, соопшти СДСМ.

„Значи претседателот на ИК Мицкоски предлага нешто, на пример дека треба да се одржи референдум, ама се уште не знае како треба да гласи прашањето, па членот на ИК Мицкоски едногласно го поддржува предлогот.

Тоa е демократијата во Белата плата.

Седниците на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се најобична фарса, таму ништо не се одлучува, само се исполнуваат желбите на Мицкоски“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните