(ВИДЕО) Георгиевска: Почетокот на преговорите со ЕУ како Македонци со македонски јазик е реализација на уште една стратешка цел

Од:

„Мнозинството од пратениците во македонското Собрание донесе државничка одлука која гарантира европска иднина на државата. Северна Македонија ги започна преговорите со ЕУ по 17 години чекање. Истовремено, македонскиот јазик е заштитен со чиста формулација без фусноти и придавки и тој ќе биде рамноправен со останатите јазици на Европската унија“, рече Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

„По одржувањето на првата меѓувладина конференција, започна скриниг процесот по кој ќе следува и отворање на првите поглавја.

Ова е огромен успех на граѓаните, на актуелниот и поранешните пратенички состави со кој се реализира уште една стратешка определба поставена уште на денот на независноста а тоа е полноправно членство во ЕУ.

За жал и при носењето на Заклучоците по однос на европскиот предлог за почеток на преговорите, целата јавност на дело го виде деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер проруската партија Левица.

Со месеци во Собранието и надвор од него ширеа лажни вести за наводна асимилација и бугаризација, за наводно продавање на македонскиот јазик, идентитет и историја.

Организираа насилни протести и крвави сценарија за да ја дестабилизираат државата.

Откако им пропадна планот за дестабилизација на чинот на гласањето ја напуштија салата и не смогнаа храброст ниту да гласаат против за предлогот кој жестоко го критикуваа.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш застана на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните, ќе продолжиме со реализација на процесот на реформи кој е важен за нашата државата.

Го продолжуваме европскиот пат, иднината на нашата држава и нашите сограѓани е европска“, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните