Исплатата на јулските пензии ќе започне на 27 јули

Од:

Владата на денешната седница ја усвои и Информацијата за исплата на пензии за месец јули 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 јули, а деловните банки од 27.07.2022 година да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и трговската мрежа.

Како што информираат од Владата, готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе се спроведе во четири групи (4 дена) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2022 година (среда);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2022 година (четврток);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2022 година (петок), и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.08.2022 година (понеделник).

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

ВМРО-ДПМНЕ: Сите пратенички групи да го поддржат Предлог законот за зголемување на пензиите

Горан Наумовски

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ