Гаскад: Испораката на руски гас преку Северен поток ќе продолжи утре

Од:

Германскиот оператор на гасоводната мрежа Гаскад (Gascade) денеска соопшти дека утре треба да продолжи доставата на гас до Германија преку гасоводот Северен поток.

– Поаѓаме од принципот дека, според досегашните нотификации, транспортот на гас преку Северен поток ќе продолжи на нивото пред ремонтот, односно 40 отсто од капацитетот, се наведува во соопштението на Гаскад.

„Нотификациите“ се известувања кои извозниците и увозниците на гас ги пренесуваат до операторот на мрежата пред да ги испорачаат или примаат нивните испораки.

Европа ја чека одлуката на Москва за рестартирање на гасоводот, што е во редовен 10-дневен годишен ремонт. Северен поток испорачува гас главно за Германија, но и за други земји-членки на ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Во Германија формирана голема коалиција

Тела на маж и жена најдени во резервоар за ѓубриво на фарма во Германија

А1он