Саудискиот министер за надворешни работи, принцот Сауд ал Фејсал изјави денеска дека Саудиска Арабија е подготвена да го компензира секое намалување на западната помош за Египет.
– Сите, кои објавија дека ќе ја прекинат помошта за Египет или се закануваат тоа да го направат, отсега па натаму треба бидат свесни дека арапскиот народ со ресурсите, со кои располага нема да се поколеба да му пружи помош на Египет, истакна Ал Фејсал.
Претходно денеска беше соопштено дека министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија в среда ќе одржат вонредна средба, на која ќе дискутираат за европската реакција на ситуацијата во Египет, вклучувајќи го и прашањето за финансиската помош за оваа земја.
Една од можните варијатни на европскиот одговор е времено прекинување на програмата, која ЕУ ја одобри во 2012 година и е во вредност од пет милијарди евра. Програмата е во сила за периодот 2012-2014 година.
Против кратењето или замрзнувањето на средствата за Египет се огласија некои земји-членки на Унијата, кои нагласуваат дека таквиот чекор ќе му нанесе удар на цивилното општество во северноафриканската земја.