37 лица загинаа кога експресен воз на исоткот на Индија налета на група верници, изјави портпаролот на Индиската железница, Амитаб Прабакар.
Тој рече дека хиндуистичките верници ја преминувале пругата, наспроти црвеното светло на семафорот.
– Бројот на жртвите веројатно уште ќе расте, додаде Прабакар.
Локалната полиција соопшти дека по несреќата бесните верници го нападнале патничкиот воз кој ги покосил луѓето на преминот, при што запалиле неколку вагони, а исто така ја запалиле и блиската железничка станица.
Несреќата се случила во округот Сахарса во индиската сојузна држава Бихар.