Албанскиот премиер Еди Рама вели дека Албанија е свесна дека ова не е почеток на крајот, туку крај на почетокот. Според него, ова е потребно за да се гради силна, демократска Албанија и отворен Западен Балкан.
„Таа знаеше да се бори за сите земји членки и за нас, кои се стремиме да бидеме членки. Сакам да се заблагодарам и германската дама која не работи, а без која не немаше да бидеме тука, Ангела Маркел. Немаше да бидеме тука и без напорите на француското претседателство, без Емануел. Тоа го просведочивме, видовме како се дојде до деблокирањето на една апсурдна ситуација. Голема благодарност и до албанскиот народ кој никогаш не се откажа, не се откажа од својот сон да чекори по тој европски пат и благодарејќи на кој останавме силни и покрај три мошне сложени години“, кажа Рама.
Тој рече дека и покрај трите сложени години во кои одбивањето од Советот, земјотресот, пандемијата, војната кои создадоа бура, тие останале силни.