Украинските борци нема да се лекуваат во швајцарските болници

Од:

Швајцарското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Владата не го одобрила барањето на НАТО повредените украински борци да се лекуваат во Швајцарија, за да не го прекрши принципот на неутралност.

– Швајцарија преку својата помош и својата хуманитарна заложба во принцип дава подобра и поефикасна поддршка на самото место отколку пациентите да бидат примени во Швајцарија, се наведува во соопштението од швајцарското МНР.

Во соопштението се потенцира дека приемот на украинските борци би бил проблематичен за неутралноста на земјата, што е камен-темелник на швајцарската надворешна политика повеќе од два века.

Според член 37 од Женевската конвенција од 1949 година, повредените и болните лица извлечени од зоната на конфликтот мора да бидат „заштитени во неутрални држави“ за да не учествуваат повторно во воени акции.

Барањето, поднесено од НАТО, кое ги координира медицинските евакуации од Украина, беше добро прифатено во кантоните пред швајцарската Влада да донесе поинаква одлука.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања