Над 12.000 украински граѓани влегле во Романија за 24 часа, објавија синоќа романски медиуми.
Генералниот инспекторат на романската гранична полиција извести дека во саботата на граничните премини влегле повеќе од 162.000 луѓе, од кои 12.383 се украински државјани.
Од 10 февруари, во Романија влегле 1.591.995 Украинци.
Извор: МИА