СДСМ: Сите лаги на анти ЕУ Мицкоски паднаа во вода, очајно тоне надолу

Од:

„Сите лаги, деструкции и крвави сценарија на Мицкоски паднаа во вода. Немало политичар досега кој вака лажел и бил разобличен до крај. Имаме чист македонски јазик во ЕУ и целосно заштитен идентитет. Точка. Откако беше јавно претставен протоколот се виде, се што кажа Мицкоски е лага“, соопшти СДСМ.

„Протоколот ги разобличи сите невистини на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, има реципроцитет за сите прашања.

И наместо да им се извини на граѓаните за лагите тој постојано ги повторува истите, пак денеска се обидува со нови манипулации.

Па не му се криви граѓаните за тоа што лажеше.

Не му се криви граѓаните што неговите пратеници избегаа и од дебата и не гласаа во македонското собрание.

Колку е очаен Мицкоски не може ниту да се измери. Тоне длабоко.

Граѓаните знаат дека исто вака најавуваше Мицкоски референдум и за пописот. На крај се сведе на потписи на него членови на парагон блокчиња без правно дејство исто како изјавите на неговите пратеници од вчера.

Доста се лаги Мицкоски. Реализирана е уште една стратешка цел – почнуваме преговори за членство во ЕУ без тебе. Членство во РУ како Македонци со чиста формулација на македонскиот јазик и со билатерални прашања надвор од процесот на преговори.

Државата на чело со СДСМ покажа дека е возможно да се најде решение за сите отворени прашања, дека може да се продолжи интеграцијата во ЕУ а при тоа македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност да бидат заштитени и признаени од целиот свет“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните