(ВИДЕО) Кузеска: Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, Груевски со меници, Мицкоски со лажни нотарски изјави

Од:

„Класична фарса видовме вчера и уште една манипулација на Мицкоски, не само со граѓаните туку и со членството на партијата. Она што сите го видовме во овие изјави за кои што Мицкоски тврди дека се заверени на нотар е тоа што во нив според правниците кои веќе дадоа свое мислење има низа правни недостатоци, што би значело дека тие се неважечки, незаконски и противуставни“, одговори Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, на новинарско прашање.

– Ова уште еднаш ја покажува очајната манипулација на Мицкоски исто како и со маиците кои ги носеа и пишуваше на нив, не, а ги повикуваа граѓаните на протест и го поделуваа народот за вчера да видиме дека во Собранието не се изјаснија никако. Кого манипулира Христијан Мицкоски? Но, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, Груевски со меници, Мицкоски со лажни нотарски изјави, додаде Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он