(ВИДЕО) Кузеска: Македонската иднина е европска, за два дена започнува дијалогот со ЕУ

Од:

„Македонската иднина е обезбедена и таа е европска. Собранието донесе државничка одлука со која реализираме уште една стратешка цел – преговори за членство во ЕУ како Македонци со чиста формулација на македонскиот јазик и со билатерални прашања надвор од процесот на преговори“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Веќе во вторник, односно за два дена отсега, започнува дијалогот со ЕУ преку првата меѓувладина конференција која ќе се одржи во Брисел.

Ова е историско поглавје за нашата држава, по 17 години во чекалната, конечно ги започнуваме преговорите со Европската унија.

Ова е успех на граѓаните, успех на државата.

Сега, се отвораат нови перспективи за државата, нови можности за просперитет за граѓаните.

Со засилено темпо продолжуваме во приклучувањето на големото европско семејство каде за многу скоро и официјално ќе се чуе нашиот македонски јазик.

Како одговорна, државотворна партија СДСМ покажа дека е возможно да се најде реѓение за сите отворени прашања, дека може да се продолжи интеграцијата во ЕУ а при тоа македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност да бидат заштитени и признаени од целиот свет.

Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните во интерес на државата и нејзините стратешки определби“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните