Бајден се сретна со кралот на Јордан, најавена нова американска помош

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден и јорданскиот крал Абдула се сретнаа денеска во Саудиска Арабија, а Белата куќа соопшти дека САД се обврзале на нов пакет помош за Јордан од околу 1,45 милијарди долари (1,4 милијарди евра) годишно.

Соопштението е објавено откако двајцата лидери се сретнаа на маргините на поширокиот регионален самит каде Бајден вети дека САД нема да се оддалечат од безбедноста на Блискиот Исток и нема да дозволат Русија, Кина или Иран да го пополнат тој простор.

Јордан, во кој се засолнети многу палестински и сириски бегалци, дели граница со Израел и Западниот Брег. Стабилноста на Јордан се смета за клучна за регионот, но неговата економија се бори со инфлацијата и влијанието на пандемијата.

Јорданската Влада се соочи со јавни протести, а братот на кралот, принцот Хамза е во домашен притвор по јавен укор од раководството на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Медведев: Скапо е да се бориш против САД

Божиќен хаос во САД: „Американ ерлајнс“ денеска ги приземји сите свои авиони

Бил Клинтон ја напушти болницата со дијагноза на грип

Горан Наумовски

Трамп сака да ги заштити Американците од „насилни силувачи, убијци и чудовишта“

Горан Наумовски

Пијан возач влетал во трговски центар во САД и повредил пет лица

Стигна предупредување за Трамп: Иран може да направи нуклеарна бомба

Горан Наумовски