СДСМ: Македонската иднина е европска, очајна прес конференција на Мицкоски кој избра да остане во минатото

Од:

„Собранието денеска потврди дека македонската иднина е европска, иднина со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и историска посебност. Денеска, без разлика на деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ победници се граѓаните затоа што им е обезбедена европската иднина“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски.

„Тоа му е јасно и на Христијан Мицкоски а доказ за тоа е и неговата денешна очајна прес-конференција.

Не успеаја неговите црни сценарија и обиди за дестабилизација што ги правеше со Димитар Апасиев и Арбен Таравари, граѓаните не потклекнаа пред нивните провокации и конструкции.

Неговите пратеници со денови свиреа, навредуваа и се закануваа, говореа дека жестоко се против предлогот, за на крајот по којзнае кој пат да избегаат од салата, немајќи храброст да гласаат против.

Денес, нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет на земјата и од одлуки кои се од највисок интерес за државата и граѓаните. Мицкоски повторно одбра да остане во минатото, изолиран и оставен сам со својот проруски партнер Левица.

Потонаа сите деструкции, лажни вести и крвави сценарија. Конечно македонскиот јазик ќе ечи секаде низ Европа. Вака се сака државата, со мудри и државнички одлуки!“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа