Бајрам Бегај на 24 јули и официјално станува шеф на албанската држава

Од:

Новоизбраниот претседател на Албанија, Бајрам Бегај на 24 јули и официјално ќе ја преземе функцијата, кога ќе даде свечена заклетва на посебна седница на Парламентот, јави дописничката на МИА од Тирана.

За денот на одржување на седницата се договорија координаторите на пратеничките групи.

По пленарната седница, Бегај ќе замине во претседателската резиденција каде се очекува да се одржи државната церемонија за официјалното примопредавање на функцијата меѓу Бегај и Илир Мета, кој беше шеф на државата во изминатите пет години.

Бегај, предлог на владејачките социјалисти, беше избран на 4. минатиот месец во четвртиот круг од гласањето (во трите немаше кандидати) со 78 гласови „за“, што подразбира дека гласаа и опозициски пратеници, четворица пратеници гласаа против, додека еден беше воздржан, од вкупно 140 пратеници колку што брои Парламентот.

Пред да биде избран тој ја вршеше функцијата началник на Генералштабот на вооружените сили, со чин генерал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Бајрам Бегај: Соседите треба да се почитуваат меѓусебе и да ги почитуваат симболите на народите

Пендаровски: Македонските деца во Пустец да го зборуваат македонскиот јазик за да бидат во контакт со татковината

Катерина Ѓуровски

Пендаровски во посета на Пустец

Бегај со порака до косовските власти и лидери: Решение преку дијалог

Горан Наумовски

Пендраовски -Бегај: Трансформација на двете општества и доследно спроведување на европските реформи

Катерина Ѓуровски