За 24 часа нови 504 случаи на КОВИД-19

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.385 тестови, а регистрирани се нови 504 случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (504), регистрирани се 133 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Свети Николе (75г) и Куманово (72г), починати во домашни услови, пријавени за починати на 16.6.2022 и 30.6.2022г.

Досега во земјата се направени вкупно 2.096.095 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 318.138, бројот на оздравени пациенти е 306.309, на починати е 9.339, а бројот на активни случаи изнесува 2.490.

Би можело да ве интересира

Изминатата недела 45 случаи на Ковид-19, починати две лица

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Таравари: Има пораст на бројот на заразени со Ковид во државава, да се почитуваат препораките

Зголемен број заболени од Ковид-19, Комисијата за заразни заболувања апелира да се почитуваат мерките за превенција

Пациентката е третирана по сите протоколи, вели Таравари за починатата пациентка од Ковид-19

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски