Бајден вети сто милиони долари помош за палестинските болници

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави сто милиони долари американска помош за болниците во источен Ерусалим, што го претставуваат столбот на здравствената заштита на Палестинците.

Ветената помош треба да биде одобрена од Конгресот, а би била доставена во период од неколку години.

Администрацијата на претходниот претседател Доналд Трамп во 2018 година за 35 милиони долари ја скрати ветената помош за палестинските болници. Бајден ја обнови таа помош, но не успеа да придонесе за обнова на израелско-палестинскиот мировен процес што е во застој повеќе од една деценија.

Претседателот Бајден денеска ќе се сретне со палестинските лидери до Витлеем, на окупираниот Западен Брег на реката Јордан.

Израел го зазеде источен Ерусалим заедно со Западниот Брег и Појасот Газа во војната од 1967 година. Палестинците на тие простори сакаат да прогласат независна држава.

Во источниот дел на Ерусалим се наоѓаат шест болници кои го симболизираат палестинското присуство во градот, но се соочуваат со финансиски потешкотии изминатите години бидејќи палестинската управа нема средства за да обезбеди повисоко ниво здравствена заштита за Палестинците.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес