(ВИДЕО) Каевски: Неуспешниот пироман Ковачки и претседателот во обид Таравари дел од крвавото коалициско сценариото

Од:

„Неуспешното крваво сценарио на насилните протести на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, се потврди дека било помогнато и од структури блиски на Алијанса во Скопје, односно на претседателот во обид, Арбен Таравари. Сите пиштолџии на Мицкоски, МВР ги пронајде и се санкционирани“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Меѓу нив предничи Јусуф Енус алијас Цуфи Кока, чиј брат беше директор на Комунална хигиена Скопје поставен од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, односно од Арсовска.

Само по два дена од разрешувањето од директорската функција, иститот Јусуф Енус е поставен за шеф на кабинет на новата директорка Косана Мазнева.

Очигледно дека коалицијата на структури на Алијанса во Скопје, под команда на Таравари, одлично функцираат со ВМРО-ДПМНЕ под команда на Мицкоски.

Бидејќи и останатите пиштолџии се блики до овие структури јавноста очекува одговори на клучните прашања:

Дали неуспешниот пироман и армиски дезертер Драган Ковачки е лицето за контакт од ВМРО-ДПМНЕ за ова неуспешно сценарио?

Зошто молчи Ковачки на прашањето дали ги координирал лицата со качулки пред Собранието и поранешни припадници на Армијата во насилното сценарио?

Дали Арбер Таравари е лицето за контакт со структурите блиски до Алијанса во Скопје?

Очекуваме надлежните институции, МВР, обвинителство, судство целосно да го расветлат обидот за крваво сценарио и етнички тензии и да дадат одговори на клучните прашања.

Едно е факт, антиевропската коалиција на Таравари и Ковачки не успеа во своите намери.

Институциите, граѓаните, нема да дозволат ниту Мицкоски ниту Таравари да ја загрозат европската иднина на државата“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

СДСМ: Делницата Тетово – Гостивар ја разоткри целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Владата на ДПМНЕ се фали со проекти на СДСМ, велат од опозициската партија

А1он

Кузеска: ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина

Катерина Ѓуровски