(ВИДЕО) Кузеска: Еве ја вистината, Милошоски на бугарски го фали Тодор Александров, потонати се лагите на ВМРО-ДПМН

Од:

„Целата јавност вчера во македонското Собрание виде дека пратениците од антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица се плашат од вистината. Покажуваат огромна нервоза во Собранието затоа што се разобличени сите нивни лаги, измислици“, вели Богданка Кузеска, портапролка на СДСМ.

„Ги видоа заклучоците на пратениците од владејачкото мнозинство за последниот европски предлог и продолжување на европскиот пат.

Сето она што лажно им го сервираа на граѓаните потона во вода.

Имаме целосна заштита на јазичните, идентитетски, културни и историски посебности на македонскиот народ и спроведување на процесот на преговори со ЕУ.

Ги слушнаа силните пораки од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Македонци, со чист македонски јазик во ЕУ, со заштитен македонски идентитет и почитуван од Унијата.

Оттука е нервозата на овие лажни ликови кои свесно ги лажат граѓаните, манипулираат, со единствена цел, да и наштетат на државата, да не продолжи европскиот пат.

Погледнете и слушнете го ова видео, како Антонијо Милошоски беседи на гробот на Тодор Александров, на бугарски јазик, под бугарски знамиња“, рече Богданка Кузеска, портапролка на СДСМ.

„Дури повикува и на заедничко чествување, за заедничка историја, слушнавте.

Епа тоа е вистината почитувани граѓани за Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ, на бугарски јазик зборуваат за заедничка историја со Бугарија. Додека ја плашат јавноста со непостоечка бугаризација.

Тоа е истиот тој Милошоски кој кодификаторот на современиот македонски јазик Блаже Конески го нарекуваше „џуџето и плагијатор од Небрегово“.

Нема да бараме Милошоски да им се извини на граѓаните, затоа што тој нема никаква доблест, нема образ, нема буквално ништо.

ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, Милошоски, Николовски, тоа се едни големи лажговци, ништо повеќе“, изјави Богданка Кузеска, портапролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа