Сунак со најмногу гласови и во вториот круг од гласањето за замена на Џонсон

Од:

Поранешниот министер за финансии, Риши Сунак обезбеди најмногу гласови во вториот круг од гласањето за замена на Борис Џонсон како лидер на Конзервативната партија.

Тој со 101 глас е еден од петте кандидати кои одат во следен круг. Останатите се министерката за трговска политика Пени Мордаунт со 83, министерката за надворешни работи Лиз Трас со 64, политичарката Кеми Беднок со 49 и политичарот Том Тугенхат со 32 гласа, јави Би-Би-Си.

Сунак имаше најмногу гласови од колегите и во првиот круг, 88, а веднаш зад него беше Мордаунт со 67 гласа.

Џонсон си поднесе оставка од позицијата претседател на Конзервативната партија, но останува премиер на Велика Британија сè додека не се избере нов партиски лидер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година