Вулканот Сакураџима еруптираше по 500 пат годинава и исфрли пепел во висина од пет километри. Ерупцијата траеше околу 50 минути.
Вулканот со висина од 1.117 метри се наоѓа во близина на градот Кагошима, во чии северни и централни делови паднале големо количество пепел.
Сакураџима исфрлил и помало количество вулкански материјал на околу еден километар од кратерот.
Вулканот се наоѓа на околу 950 километри југозападно од Токио.