Продолжува обновата на фасади од староградска архитектура

Од:

Конзерваторскиот центар-Скопје до крајот на годинава ќе изработи проекти за обнова на неколку фасади на улицата „Илинденска“, во рамки на повеќегодишниот проект за обнова и конзервација на повеќе фасади во значајните градски јадра, кој минатата година го почна Министерството за култура со надлежните институции.

Како што информира ресорното министерство, во тек е интервенција на фасадите од строградски куќи со впечатлива надорешност во Кичево, Гевгелија, Кратово и во Крушево.

Целта на проектот е зачувување на архитектонско-стилските вредности на градските јадра и соодветен третман на споменичкото наследство.

Министерството за култура досега промовираше шест реконструирани фасади на значајни споменички целини на објекти на градски јадра во Крушево, Скопје, Охрид, Битола и Прилеп.
Во Крушево беше промовиран првиот завршен проект – конзервацијата на фасада на семејна куќа со автентична стара крушевска архитектура. Завршена е и конзервацијата на фасадата на куќа на улицата „Битпазарска“ во Старата скопска чаршија, споменик на културата од периодот меѓу двете светски војни. Обновени се фасадите на автентичните споменични целини во Охрид – куќата на семејството Бојаџиеви во стариот дел на градот и конзервација на фасадата од куќа на ул. „7 Ноември“.

Целосно е обновена и внатрешната фасада на еден од најзначаните културно-историски споменици во Битола – старата битолска касарна во која од 1975 година работи Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Битола. Во Прилеп, пак, беше целосно реставрирана надворешноста на куќата на Бектешовци, која е еден од ретките изворно зачувани примероци од староградската архитектура.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје